Политика за приватност

Верзија од 15 октомври 2026 · важи од 15 октомври 2026

Накратко

  • Ги собираме само податоците што се потребни за да резервираш услуга, или за да работиш како партнер.
  • Партнерот ги гледа твоето име, телефон, точната адреса и забелешките дури откако ќе ја прифати твојата резервација.
  • Не продаваме податоци, немаме реклами и не следиме што правиш на други страни.
  • Точната локација на мапата и кодот за врата ги бришеме автоматски 30 дена по услугата.
  • Во секое време можеш да ги преземеш своите податоци или да побараш бришење, од „Мој профил“.

1. Кој одговара за твоите податоци

Контролор на личните податоци (одговорен за нивната обработка) е:

Ги обработуваме податоците согласно Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст ЗЗЛП). За корисниците од Европската Унија важи и Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR).

2. Кои податоци ги собираме, зошто и врз која основа

2.1 Кога резервираш услуга (клиент)

ПодатоциЗоштоПравна основа
Име и презиме, е-пошта, телефонДа ја примиме и потврдиме резервацијата, да те контактираме партнерот или ние, да ти отвориме профил.Договор: резервацијата што ја бараш.
Адреса, град, влез, кат, стан, тип на имот, паркинг, код за вратаПартнерот да стигне до вистинското место.Договор
Точна локација на мапата (координати)Да ја потврдиме адресата, и партнерот да ја најде зградата.Договор
Услуга, датум, време, часови, број на лица или миленичиња, додатоци, ценаДа ја извршиме и пресметаме услугата.Договор
Забелешка што ја пишуваш (пр. алергии, миленичиња, пристап)Партнерот да се подготви и услугата да биде безбедна.Договор, а за здравствени информации твоја изречна согласност (види точка 3).
Плаќање: износ, датум, име на уплаќачот и сметката од која е уплатеноДа го евидентираме плаќањето, исплатата на партнерот и евентуално враќање на пари.Договор и законска обврска (сметководство и даноци).
Пораки во разговорот со партнерот или со насДоговарање за услугата и поддршка.Договор и легитимен интерес (решавање поплаки).
Кога и која верзија од условите ги прифати, и твоите согласностиДа докажеме што е договорено.Законска обврска и легитимен интерес.

2.2 Кога работиш како партнер

ПодатоциЗоштоПравна основа
Име и презиме, телефон, е-пошта, град, услуги што ги нудиш, кога си достапен/наДа ти покажуваме соодветни работи и клиентот да може да те контактира откако ќе прифатиш.Договор (соработка со Костена).
Јавен профил: име, град, кратко претставување, услуги, фотографијаКлиентите да видат кој работи преку Костена.Договор. Фотографијата и претставувањето се по твој избор.
Проверка на документи: само дека личната карта и уверението за неосудуваност се проверени, кога и од когоДоверба и безбедност на клиентите (деца, стари лица, домови).Легитимен интерес и договор. Документите ги гледаме лично, не правиме и не чуваме копии.
Прифатени и одбиени работи, статуси, поракиОрганизација на работата.Договор
Сметка за исплата и износи на исплатиДа ти го исплатиме твојот дел.Договор и законска обврска.

2.3 Секој што има профил

2.4 Секој посетител

Не користиме автоматско одлучување ниту профилирање: партнерите сами избираат кои работи ќе ги прифатат, а одобрувањето на партнерите го прави човек.

3. Здравствени информации и деца

Кај грижа за деца, стари лица или лица со посебни потреби, во забелешката може да напишеш здравствени информации (пр. алергија, лекови, потреба од помош при движење). Ова се посебни категории лични податоци. Ги обработуваме само со твоја изречна согласност, која ја даваш со посебно поле при резервацијата. Ги гледаат само партнерот што ја прифатил резервацијата и администраторите на Костена, и се користат само за таа услуга.

Согласноста можеш да ја повлечеш во секое време. Пиши ни, и ќе ја избришеме забелешката. Повлекувањето не влијае на она што е веќе направено пред тоа.

Пиши само она што е потребно за безбедна услуга. Не испраќај медицинска документација.

Деца: Костена можат да ја користат само полнолетни лица (18+). Податоци за деца (на пр. колку деца има, возраст, алергии) внесува само родителот или старателот, и тие се користат само за таа резервација. Ако дознаеме дека профил отворило малолетно лице, ќе го избришеме.

4. Кој ги гледа податоците

Не продаваме и не изнајмуваме лични податоци. Не ги даваме на трети страни за реклами.

5. Пренос надвор од Северна Македонија

Некои од обработувачите се во земји членки на ЕУ или НАТО (на пр. Германија, Обединето Кралство, САД), или таму имаат сервери. ЗЗЛП дозволува пренос во земји членки на ЕУ, ЕЕП и НАТО, со претходно известување до Агенцијата за заштита на личните податоци. Ние ги известуваме за таквите преноси. Каде што е потребно, користиме и договорни заштитни мерки на ЕУ (стандардни договорни клаузули) што овие компании ги нудат. Можеш да побараш информација за мерките на е-поштата од точка 1.

6. Колку долго ги чуваме

ПодатоциРок
Профил (име, контакт, поставки)Додека го користиш профилот. Се брише кога ќе побараш бришење (во рок од 30 дена од барањето).
Точна локација (пин) и код за вратаАвтоматски се бришат 30 дена по завршената или откажаната услуга.
Резервации, плаќања и исплати (име, адреса, услуга, датум, износ)Колку што бараат сметководствените и даночните прописи, најмногу 10 години. После тоа се бришат автоматски.
Контакт и забелешки кај откажани резервации1 година по откажувањето.
Пораки (разговори)1 година по завршената услуга. Пораките за поддршка: 1 година.
Известувања во профилот90 дена.
Нацрт-резервација во прелистувачотСамо додека е отворен табот, најмногу 6 часа.
Технички записи на серверотКратко, според поставките на хостингот.

Ако се бара подолго чување поради спор, поплака или барање на државен орган, ги чуваме додека тоа трае.

7. Колачиња и меморија во прелистувачот

Не користиме колачиња за реклами или аналитика, и не следиме што правиш на други страни. Користиме само меморија што е неопходна за страната да работи, и за неа не е потребна согласност:

ШтоЗоштоКолку долго
Најава (localStorage, клуч што почнува со sb-)Да останеш најавен/а.Додека не се одјавиш.
Нацрт-резервација и цени (sessionStorage)Ако случајно ја освежиш страната, да не се изгуби резервацијата.Додека е отворен табот, најмногу 6 часа.
Пренасочување по најава и промена на лозинка (sessionStorage)Да те вратиме на вистинската страна.Додека е отворен табот.

Кога се прикажува Google мапата, Google може да користи свои технички колачиња за нејзино работење. Фонтовите и останатите делови на страната се на нашиот сервер.

8. Твоите права

Барањата ги решаваме бесплатно и најдоцна во рок од 30 дена. Пред да одговориме, може да побараме да потврдиш дека профилот е твој.

9. Што е задолжително и што ако не го дадеш

За резервација задолжително се потребни име, е-пошта, телефон, адреса со потврдена локација, датум и време. Без нив не можеме да ја организираме услугата. Влезот, катот, кодот за врата, паркингот и забелешката се по твој избор, но помагаат партнерот да стигне и да се подготви. За партнерите се задолжителни име и презиме, телефон и проверка на документите. Без нив не можат да прифаќаат работи.

10. Безбедност

11. Промени на оваа политика

Ако ја промениме политиката, ја менуваме и датата на верзијата погоре. За поважни промени те известуваме во профилот или на е-пошта пред да почнат да важат.

Услови за користење ·